Пирин Спа – лидер во проектирање и изведба на сауни и спа решенија во Македонија и Косово
Со повеќе од две децении искуство, Пирин Спа е прв избор кога станува збор за дизајн и реализација на врвни сауни и спа простори. Она што нè издвојува е комбинацијата на иновација, квалитет и посветеност на клиентите.
Во нашата понуда ќе најдете само премиум опрема од светски познати брендови како
Harvia, Astra Pool и Life Fitness, вклучувајќи:
- Базени (отворени и затворени)
- Џакузи и тангенторни кади
- Парни и турски бањи
- Сауни (фински, инфраред и комбинирани) со комплетна опрема
- Топли и масажни лежалки
- Контрасни тушеви
- Модерна фитнес опрема.
Сето ова е поддржано од наш тим со големо искуство и страст за спа културата – за комплетно и професионално корисничко искуство.
До денес, зад себе имаме над 1000 успешно реализирани проекти, како за големи спа и велнес центри, така и за приватни објекти – што претставува наша најсилна препорака и доказ за квалитет.
Нашите магацини се сместени во сопствен објект во индустриска зона Визбегово, додека изложбениот салон и канцелариите се наоѓаат на ул. Багдадска бр.15, локал 4 (во близина на Млечниот ресторан), Скопје.
Ве покануваме да откриете ново ниво на релаксација со ПИРИН СПА!


